|
Добредојдовте на страницата на Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки - EXIM. EXIM e електронски систем кој го користат 16 институции кои имаат надлежности во областа на надворешно-трговското работење. |
Што овозможува EXIM за деловната заедница? |
EXIM овозможува пребарување според тарифниот број на стоката и добивање информации за тоа кои дозволи се потребни за увоз, извоз или транзит преку користење на опцијата Пребарување. |
|
EXIM овозможува електронско поднесување на барањата за дозволи за увоз, извоз и транзит од страна на деловната заедница, како и електронско издавање на дозволите од страна на надлежните институции. Преку системот, подносителите можат да го следат статусот на процесирање на нивните барања, се до нивното конечно издавање. |
|
Повеќе информации околу постапката за поднесување на барањата и издавањето на дозволите опфатени во EXIM, економските оператори можат да добијат на веб страниците на институциите
Што се добива со имплементацијата на EXIM? |
Достапност на услугата 24 часа, 7 дена во неделата |
Заштеда на време и трошоци за компаниите поради електронското поднесување на барањата |
Зголемување на ефикасноста на процесот за издавање на дозволите |
Стандардизирани и хармонизирани податоци во барањата кои во иднина ќе овозможат посеопфатна размена на податоците |
Електронско следење на искористеноста на дозволите |
Ги молиме сите корисници пред да започнат да го користат системот внимателно да го прочитаат корисничкото упатство наменето за нив.
|