Услови за користење на функционалностите на EXIM
За да ги користат функционалностите на EXIM, компаниите треба да ги исполнат следните услови:
Да имаат стабилна Интернет врска
Да поседуваат валидна е-маил адреса
Да поседуваат дигитален сертификат
Да бидат регистрирани во системот
Да имаат инсталирано подршка за JAVA 1.7
Да имаат инсталирано македонска подршка за пополнување на обрасците

Напомена:
Ве информираме дека во последната верзија 52 на пребарувачот Mozilla Firefox е исклучена поддршката на алатката која ја овозможува опцијата за потпишување во EXIM системот преку овој пребарувач. Од тие причини корисниците кои на своите персонални компјутери ја користат верзијата 52 (или понова) на пребарувачот Mozilla Firefox нема да можат да потпишуваат.
За да можат да потпишуваат со пребарувачот Mozilla Firefox корисниците треба:
1. да користат постара верзија од Mozilla Firefox 52. Истовремено треба да го исклучат автоматското ажурирање на овој пребарувач или
2. да користат Firefox ESR (Mozilla Firefox Extended Support Release), кој ќе продолжи со поддршката на потребните алатки за потпишување во EXIM до верзија 59. Тековната верзија на Firefox ESR е 52 и истиот може да се преземе преку следниот линк:
https://www.mozilla.org/en-US/firefox/organizations/all/

Што е дигитален сертификат?
Своерачниот потпис кој се става на хартиени документи не може да се примени на електронски документи и во интернет средина. Дигитален сертификат е средство кое содржи, односно го потврдува електронскиот потпис и го заменува своерачниот потпис за документите во електронски облик.

Сертификатот може да се инсталира на компјутер. Исто така, може да се зачува на локална мрежа која може да се користи од повеќе компјутери. Најбезбеден и најсофистициран начин на чување на сертификатот е на надворешен електронски медиум, како што е токенот. Во овој момент, EXIM поддржува потпишување на барања и дозволи со сертификат кој е инсталиран на компјутер, но наскоро ќе биде овозможно и користење на сертификат кој се чува на токен...повеќе